81% помалку патници во возовите

35

Во вториот квартал од оваа година, со воз во земјава патувале 28.000 патници, што е за 81% помалку во однос на истиот период лани, кога по железнички пат патувале 147.000 патници, покажуваат податоците на Eurostat.

Во првите три месеци од оваа година, со воз патувале 93.000 патници или 28% помалку во однос на периодот јануари – март 2019 година.

Пад во бројот на превезени патници по железнички пат има и кај земјите членки на Европската унија. Најголем пад од 94% има во Ирска со 11,7 милиони патници, по што следуваат: Франција (-78% 262,6 милиони патници), Шпанија (-78% 125,3 милиони патници), Луксембург (-78% 4,9 милиони патници) и Италија (-77% 173,4 милиони патници).

Од земјите во регионот што се членки на ЕУ, најголем пад на бројот на патници во железничкиот сообраќај има во Грција (-70% 3,6 милиони патници), а по нејзе следат: Хрватска (-67% 3,3 милиони патници), Словенија (-57% 1,8 милиони патници) и Бугарија (-37% два милиони патници).

Фото: Freepik