Штом се спомне името Марк Цукерберг, првата асоцијација многу природно е Facebook. И врапчињата на гранките веќе ја знаат приказната за Facebook, пренесува CNBC.
Но, пред да замине на Харвард, таткото на Цукерберг, Едвард на својот син му понудил две опции – или да се запише на факултет или да добие франшиза за отворање на McDonald’s ресторан.
“Мојот татко, пред да заминеме на факултет ни даде две опции или да одиме на колеџ или да инвестира во франшиза за којашто ние ќе бидеме одговорни“, вели Ренди Цукерберг, една од трите сестри на Марк Цукерберг.
И добро се знае каков избор направил тој, ја отфрлил приликата да води ресторан и се запишал на Харвард.
“Мислам дека моите родители рекоа ОК, но најверојатно требаше да ја изберете франшизата ако сакате да имате сопствен бизнис, но тоа нека биде втората добра прилика“, рекла Ренди.
Кога Цукерберг се запиша на факултет во 2002-ра година, никој не се надевал дека за некоја година ќе стане мултимилијардер.
Денес богатството на Цукерберг се проценува на околу 100 милијарди долари. Не е јасно колку пари неговиот татко сакал да одвои за франшиза, но според она што во овој момент го нуди McDonald’s е од еден до 2,1 милиони долари.
Фото: Facebook