Колкаво е богатството на Џо Бајден

143

Џо Бајден, избраниот претседател на САД има богатство во вредност од девет милиони долари, пренесоа американските медиуми повикувајќи се на проценките од магазинот Forbes.

На почетокот од претседателската кампања, Бајден ја изнесе финансиската состојба за 2016, 2017 и 2018 година, и врз основа на тој извештај Forbes го процени неговото богатство на девет милиони долари.

Американските медиуми наведуваат дека со победа на изборите неговото богатство ќе биде сигурно поголемо.

Како што уште од крајот на деведестите години од минатиот век напредуваше во кариерата, приходите на Бајден се зголемија од 42.500 долари на 174.000 долари годишно, покажуваат архивските податоци од Сенатот.

Кога е избран за потпретседател на Барак Обама, функцијата на која беше осум години, доби дополнително покачување и почна да заработува околу 230.000 долари годишно, додека како претседател ќе заработува 400.000 долари годишно.

Бајден и неговата сопруга Џил сериозни пари почнале да заработуваат дури по 2017 година кога тој замина од функцијата.

Кога Бајден ги објави финансиските извештаи во јули 2019 година, се виде дека тој и Џил во текот на 2017 и 2018 година заработиле повеќе од 15 милиони долари.

Најголем дел од тие пари дојдоа од договорот за повеќе книги со Flatiron Books, кои се проценуваат на осум милиони долари, но Бајденови заработиле и многу пари држејќи говори на разни настани.

Сајтот Town & Country  повикувајќи се на Forbes,  пишува дека неговите две куќи во Вилмингтон, во државата Делавер се вредни четири милиони долари, дека има уште толку во готово и во инвестиции, како и дека има околу милион долари од државната пензија.

Фото: facebook