Кинеските технолошки гиганти може да “здивнат“откако Бајден ќе се всели во Белата куќа

48

Кинеската технолошка индустрија, еден од главните конфликти на  доскорешниот американски претседател Доналд Трамп и официјален Пекинг, сега може да здивне со надеж дека новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден ќе развие со нив конструктивен дијалог.

Сепак, аналитичарите се скептични дека ривалството меѓу САД и Кина целосно ќе исчезне.

Технолошките гиганти во Кина, во изминатите четири години, научија како да се потпрат на сопствените ресурси, а земјата сега нема да се откаже од подобрување на своите можности.

“Кога Бајден ќе ја преземе должноста, технолошките компании во Кина ќе може да здивнат“, вели Фанг Џингдон, директор на Конзорциумот за интернет општество на Универзитетот за комуниации во Женјанг.

Според официјален Вашингтон, кинески технолошки компании како што е Huwei, Tencent Holding и ByteDance (сопственик на TikTok), претставуваат сериозна закана за националната безбедност, поради што им се воведени санкциии коишто им создадоа проблеми во нормалното функционирање.

Според експертите, Кина најверојатно нема да биде на врвот на листата на приоритети на Бајден, кој во прв ред ќе се фокусира на домашни прашања, но мали се шансите да се заостри реториката и санкциите против кинеските технолошки компании.

Фото: Freepik