Зголемено производството на шумски производи

60

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2020 година, во однос на третото тримесечје од 2019 година, е зголемено за 2,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни видови, друго обло дрво од листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, друго обло дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.

Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 212.640 метри кубни и бележи намалување за 3,2%.

Фото: Freepik