ММФ: Глобалниот долг до крајот на годината ќе изнесува 277 билиони долари

38

Глобалниот долг до крајот на годината ќе се зголеми до 277 билиони долари, како резултат на натамошното трошење на владите и компаниите за да одговорат на пандемијата на коронавирусот, проценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Вкупниот долг на развиените земји во третиот квартал од годината се зголеми на 432% од бруто домашниот производ, од 380% во претходната година.

Британските медиуми наведуваат дека речиси две третини од ова зголемување главно се однесува на развиените пазарни економии.

Според прогнозата на ММФ, глобалната економија годинава ќе забележи пад од 4,4%, проследено со раст од 5,2% во 2021 година.

Фото: Freepik