Во текот на минатата година, производството на вино во рамки на Европската унија беше околу 16 билиони литри. Најголеми производители, според Eurostat, лани беа Италија, Шпанија и Франција, а по нив следеа: Португалија, Германија и Унгарија.
Земјите членки на ЕУ лани извезле над седум билиони литри. Скоро половина од овој извоз или 43% отпаѓаат на земји надвор од ЕУ, од коишто најголемиот дел отпаѓа на Велика Британија (22%), а потоа и во САД (21%), Русија (9%) и Кина (8%).
Кога станува збор за увоз на вино, лани ЕУ од странски пазари купила 4,8 билиони литри вино. Околу 16% е од земји што не се членки во Унијата, а најмногу од Чиле (23%) и Јужна Африка (21%).
Меѓу земјите членки на ЕУ, најголем увозник на вино е Германија (30%), а по него следат Холандија (15%), Данска (9%), Шведска (8%), Белгија и Франција (по 7%) и Ирска (6%).
Фото: Freepik