Вкупно 43,3% од дечињата во Македонија посетуваат институција што организира активности за ран детски развој, како што се градинки или центри, покажува европската статистика по повод Светскиот ден на детето.
Раниот детски развој е исклучително важен за тоа како ќе се гради и развива личноста на секое детенце. Во 2018-та година, 96% од дечињата на возраст од над четири години посетувале институција што организира активности за ран детски развој во Европската унија.
Највисок процент (над 95%) имаат региони во земји како што се Белгија, Данска, Ирска и Франција, каде скоро сите дечиња кои имаат над четири години посетуваат таков тип на настава.
Фото: Freepik