Белград ќе почека за да добие ресторани со Мишелинови ѕвезди

68

Поради ситуацијата со пандемијата, Мишелиновиот водич е принуден да ги прилагоди своите активности и да ги одложи новите селекција, вклучувајќи го и Белград, пренесуваат српските медиуми.

Мишелиновиот водич е принуден да направи нов распоред на настани и да го одложи претставувањето на рестораните.

За во Белград тоа беше планирано за 11-ти декември, но се одложува поради состојбата со пандемијата.

Иста е состојбата и во САД, каде се одложени нови претставувања во Чикаго, Вашингтон, Њујорк и Калифорнија. Во Европа има одложување во Велика Британија и Белија, а истото важи и за Азија.

Приказната со ѕвездите на Michelin започнува во 1899 година, кога Андре Мишелин го објавил првиот број на водичот – Le Guide Michelin, за да можат сопствениците на автомобили да се информираат за тоа каде можат да наточат гориво, да го поправат автомобилот, но и во кои гостилници има добра храна и пијалаци.

Неколку години подоцна, овој водич станува своевидна гурманска библија, а денес е најдобар водич на ресторани и врвни готвачи.

Овој водич има сопствен систем со којшто се вреднуваат најдобрите хотели и ресторани. Битни критериуми за оценка се: квалитет на производот, вештина за создавање мирис во кујната, оригиналност на кујната, цена (просечната цена се одредува врз основа на локални стандарди) и доследност на посетителите.

Ѕвезди добиваат ресторани со најдобра кујна, без оглед на нејзиниот вид, а ѕвездите само го оценуваат она што е сервирано, не земајќи ги предвид ентериерот, декорациите, квалитетот на услугите и поставување на масите. Стандардизацијата не постои како критериум за квалитет, туку само квалитет на различно ниво.

Фото: Freepik