Свеченото отворање на рудник во рудник, најновата инвестиција на Русите во најголемиот македонски рудник за олово и цинк Саса кај Македонска Каменица ќе се случи денес напладне.
“Тоа значи дека завршуваме инвестиција во износ од 18 милиони евра што заокружува еден технолошки циклус за подготовка за откопување и вадење на руда во новиот дел од рудникот, што значи еден вид рудник во рудник, нов таканаречен Ривир во Саса”, објасни Максим Прохоров, извршен директор на рудник Саса.
На Солвеј, руската компанија – сопственик на рудникот и беа потребни 2,5 години за набавка на најнова опрема за таканареченото стегнување на инфраструктурата со најнов производствен машински парк.
“Искрено се надеваме дека со набавката на најсофитицираната опрема за вадење и преработка на руда, не само што ќе го зголеми годишното производство за една третина од сегашните 750.000 тони олово – цинков концентрат, но и значително ќе ја подобри безбедноста на рударите во јамата”, дополни Прохоров.
Животниот век на новиот коп каде ќе работат нови 30 рудари позициониран на 12 години.
Во меѓувреме, Саса се надева дека ќе ја добие новата концесија за место во нејзина близина од два квадратни километри, каде нејзините експерти детално ќе вршат испитувања за можно продолжување на производствениот век.