Alfa Romeo го претстави новиот Stelvio Veloce Ti

63

Alfa Romeo ја претстави новата Veloce Ti варијанта за европскиот Stelvio опсег за 2021 година за оние кои сакаат да добијат Quadrifoglio шмек.

Новиот Alfa Romeo Stelvio Veloce Ti се карактеризира со својот изглед на екстериерот инспириран од Quadrifoglio, кој е сочинет од нов заден браник и дифузер, како и сет на нови 21-инчни алуминиумски тркала, што за прв пат се во понудата за Stelvio.

Во кабината можат да се најдат уште Quadrifoglio детали, вклучително спортските седишта во кожа и Алкантара, црна прекривка на покривот и вистински карбонски акценти. Новиот Stelvio Veloce Ti исто така пристигнува со затемнети прозорци и беџови на екстериерот.

Европските купувачи кои сакаат да го добијат новиот Alfa Romeo Stelvio Veloce Ti ќе можат да бираат меѓу 2,0-литарскиот турбо четирицилиндерски бензински мотор со 280 КС или 2,2-литарскиот дизел со 210 КС. Двата агрегати доаѓаат во комбинација со осумстепен автоматски менувач и Q4 системот за погон на сите четири тркала на Alfa Romeo.

Alfa Romeo Stelvio Veloce Ti, како и остатокот на гамата на Stelvio и Giulia за 2021 година, е достапен со голем број на најновите сервиси за конективност на компанијата, вклучително и далечински функции како локатор на возилото, испраќање дестинации до навигацискиот систем, споделување на интернет конекцијата со осум уреди и многу повеќе.

Како додаток на сето ова, моделите на Alfa Romeo се карактеризираат со Level 2 пакет за асистенција на возачот кој комбинира асистенција за одржување на коловозната лента, активен темпомат, препознавање на сообраќајни знаци, асистент за метеж во сообраќај, асистенција за автопат и асистенција за внимание на возачот, меѓу другото.

Alfa Romeo ги отвори нарачките за Stelvio Veloce Тi, како и за остатокот на ажурираната гама, кои ќе пристигнат на најголемите европски пазари кон почетокот на 2021 година.

Преземено од Avtoplus.mk