Скоро 20.000 трансакции во текот на тестирањето на дигиталниот јуан

141

Скоро 20.000 трансакции се регистрирани на платформата JD.com во текот на првите 24 часа од тестирањето на дигиталниот јуан во Кина, пренесуваат локалните медиуми.

Тестирањето на дигиталниот јуан почна откако локалните власти поделија околу 20 милиони јуани (околу три милиони долари) преку лотарија.

Како што се наведува, околу 80% од трансакциите ги направиле лица родени во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

Кинеската компанија JD.com е прва мрежна платформа што прифати плаќање во национална крипто валута.

Фото: Freepik