Illyrian Pure Sport, прв албански суперавтомобил

350

Ќендрим Тачи од Албанија објави неколку фотографии кои го прикажуваат изгледот на идниот албански суперавтомобил Illyrian Pure Sport.

Автомобилот нема да остане само идеја, туку Тачи навистина планира да го претвори во реалност, за што ќе биде задолжена компанијата Arrera Automobili.

Kога проектот ќе биде завршен, Illyrian Pure Sport ќе стане првиот албански суперавтомобил според меѓународните стандарди, пишува Motor1.

Техничките карактеристики говорат дека овој суперавтомобил ќе биде опремен со 6.2 литарски twin-turbo LT2 V8 мотор кој ќе продуцира 850 КС. До стотка ќе забрзува за само 2,7 секунди додека пак максималнатабрзина која ќе може да ја постигне изнесува 375 км/ч.