Велика Британија одобри уште една вакцина

40

Британското регулаторно тело одобри уште една вакцина против Ковид-19. По  Pfizer/BioNTech зеленото светло доби и домашната вакцина AstraZeneca, која ја развија научници од Оксфорд.

Според последните информации, британската влада нарачала 100 милиони дози од производителот AstraZeneca, што е доволно за вакцинирање на 50 милиони луѓе.

Досега во Велика Британија се вакцинирани околу 600.000 луѓе, а се очекува со оксфордската вакцина да се зголеми бројот, бидејќи е поевтина и полесна за производство, а не мора да се чува во посебни услови.

Фото: Freepik