Јужнокорејското обвинителство побара деветгодишна казна за првиот човек на Samsung, Ли Џае Јонг, поради наводно мито, иако Ли се извини и вети дека никогаш повеќе нема да биде вмешан во слични обвинувања.
Овој случај предизвика вистинска бура во источноазиската земја во 2016 година.
Во 2017 година, потпретседателот на Samsung Electronics, Ли е осуден во Јужна Кореја поради обвинение за давање поткуп и за неколку други кривични дела поврзани со корупција. Судскиот процес против Ли траеше неколку месеци и е дел од големиот корупциски скандал што предизвика смена на претходната јужнокорејска претседателка Парк Геун-хие, која исто така е обвинета за корупција.
Пуштен е во 2018 година, откако издржа 11 месеци затвор.
Сега би можел да се врати во затвор поради поткуп, вклучувајќи и подарување на коњ вреден 2,8 милиони долари за ќерката на претседателката.
Врховниот суд во Сеул ќе донесе пресуда на 18 јануари.
Фото: Pixabay