Турски научници развија систем што дијагностицира коронавирус за само 10 секунди

99

Турските научници измислија нов систем за дијагностицирање на Ковид-19 што може да ги замени досегашните ПЦР тестови.

Системот наречен Diagnovir дава 99% сигурни резултати за само 10 секунди, без непријатно земање брис од нос, како во случајот со ПЦР тестирањe. Во исто време, турскиот систем дава точни резултати дури и во првите фази на инфекцијата, пишува Daily Sabah.

Овој уред, базиран на нанотехнологија, е развиен од научници од Универзитетскиот национален центар за истражување на нанотехнологија (UNAM) и сега започнува со масовно производство. Досега, овие научници работеа на други проекти за да помогнат во борбата против пандемијата.

“Коронавирусот е честичка со големина од 150 нанометри. Нашите истражувачи во UNAM со години работеа со честичките со наноголемина“, рече ректорот на Универзитетот Билкент, Абдула Аталар.

Веднаш откако се појави Ковид-19, во Турција започнал проектот за развивање на систем на тестирање кој дава брзи резултати.

“Проектот е финализиран и е развиен систем којшто може да им го заземе местото на ПЦР тестовите и дава многу побрзи резултати, односно за неколку секунди. Ако е позитивен, веднаш дава резултати, ако е негативен, тогаш со неколку контроли трае малку подолго“, додаде Аталар.

Фото: Pixabay