Фразата којашто ја одбележа 2020 година е физичко дистанцирање. Рeшението кое најголем дел од компаниите го имаа за одржување на дистанцата од март годинава е работата од дома, а се појавија и некои решенија базирани на сензори во канцелариите кои ги предупредуваат вработените коga некој ќе им се приближи на повеќе од два метри.
Бидејќи е време на празници и покрај предупредувањата на научниците и докторите за одржување растојание, јасно е дека семејствата и некои пријатели ќе се соберат, па американската компанија SimpleSafe, која е позната по решенија за безбедност на домот, направи божиќен џемпер за физичко дистанцирање.
Прототипот кој го прикажаа во видео е опремен со ЛЕД светла и мали звучници, како и термална камера. Кога некој ќе и се приближи на личноста што го носи џемперот на повеќе од два метри, ќе се запалат светлата. Термалните камери поставени во предниот дел на џемперот ја следат и температурата во околината, а кога алгоритамот ќе препознае топлина од човечко тело се активираат светлосни и звучни сигнали.
Фото: YouTube Printscreen