Направил “попара“ во фирмата од каде што добил отказ пред четири години

134

Поранешен работник од производен погон на Mercedes во Шпанија направил вистински хаос, оставил штета од милиони евра, четири години откако добил отказ.

Тој влегол со багер во фабриката на Mercedes – Benz во шпанскиот град Виторија. Потоа земал лопата и почнал да ги крши новите возила паркирани во кругот на фабриката.

Поранешниот работник лудувал неколку минути, по што реагирало обезбедувањето. Зад себе оставил 50 уништени возила, а за хаосот сведочат и фотографии објавени на социјалните мрежи.

Сега се соочува со обвинение за причинета голема материјална штета.

Фото: Twitter