Вистинските последици на кризата сè уште не се проценети, но нема сомнеж дека Ковид-19 силно ги погоди банките во регионот, велат од консултантската компанија Deloitte.
Банките во регионот беа во добра состојба сè до избувнување на пандемијата. Во 2019 година, просечната адекватност на капиталот беше 20%.
Оваа година донесе не само забавување на економијата, што веќе беше забележано кон крајот на 2019 година, туку и голема рецесија и глобална криза. Влошените услови на пазарот имаат силно влијание врз профитабилноста и позицијата на капиталот на банките, со што помалите, помалку стабилни играчи на пазарот не можат да се справат, проценува Deloitte.
Во меѓувреме, поголемите банкарски групи ќе имаат можност селективно да преземат други, ослабени банки. Законодавните мерки за заштита на економијата од пандемија би можеле привремено да ја прикријат реалната економска штета до одреден степен, но Deloitte очекува пандемијата да има огромно влијание врз квалитетот на портфолиото и банкарскиот профит.
Според овие проценки, квалитетот на активата на банките во иднина силно ќе зависи од комбинација на економско закрепнување и понатамошна државна помош, пренесува SEEBiz.
Фото: Freepik