
Американската агенција за безбедност во сообраќајот соопшти дека минатата година поради пандемијата се евидентирани околу 500 милиони патници помалку на аеродромите во САД, одошто во 2019 година.
Тоа, според официјалните податоци, претставува намалување од 61%, пренесува Ројтерс.
Во текот на 2019 година се евидентирани околу 824 милиони патници на американските аеродроми, додека во 2020 се превезени 324 милиони лица.
Фото: Freepik