Руската Влада го одобри договорот за крак од Јужен тек кон Македонија

35

gasВладата на Руската федерација го одобри договорот со Владата на Република Македонија за изградба на крак од гасоводот Јужен тек кон Македонија, објави прес службата на руската влада, јавува Миа.

Според документот, во случај на потврдување на можноста за изградба врз база на заемните анализи, Газпром и ЈП Македонски енергетски ресурси МЕР ќе формираат заедничка компанија за изградба на крак со удел од 50%, со можност да се приклучат и други акционери во иднина.

Рутата и капацитетот на кракот ќе се одредуваат по деталните анализи, а вредноста, условите и роковите за снабдување со природен гас за РМ ќе се утврдуваат со договор меѓу двете компании. Газпром ќе има право да ги користи сите капацитети на гас.

Договорот ја обврзува Македонија да не воведува рестрикции на руските инвестиции во државава предвидени со договорот, како и да и обезбеди на компанијата повластен царински и даночен режим.