Цените на угостителските услуги во декември, во споредба со ноември, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во декември, во однос на истиот период лани, се зголемени за 0,5%.
Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2019 година се зголемени за 0,4%.
Фото: Freepik