Вредноста на синдикалната минимална кошница за декември 2020 година изнесува 33.697 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Најголем процент или 41,78% отпаѓаат на трошоци за храна и пијалаци на коишто се одвоени 14.078 денари.
Потоа следуваат трошоците за домување со 32,10% или 10.817 денари, па превоз 2.464 денари или 7,31%, на облека и обувки 2.159 денари или 6,41%, на култура 1.066 денари или 3,17%, а на одржување на здравје 724 денари или 2,15%.
Фото: Freepik