Почетна Новости Hyundai и Apple планираат заедничко автономно возило?

Hyundai и Apple планираат заедничко автономно возило?

37

На крајот на 2020 година се пишуваше за тоа дека компанијата Apple би можела да произведе автономно електрично возило до 2024 година.

Сè повеќе се зборува за овој проект, што укажува на тоа дека е сè поблиску до реалноста.

Имено, компанијата Apple во изминативе месеци вработила голем број експерти чии позиции укажуваат на тоа дека се работи на нов автомобил.

Како што се претпоставува, возилото е во рана фаза на развој, а пред неколку дена беше објавено дека Apple преговара со неколку големи автомобилски произведувачи, меѓу кои и со Hyundai Motor.

Договор сè уште не е постигнат, но се чини дека од Apple му предложиле на Hyundai да учествува во развојот на новото возило, пред сè со своето искуство да придонесе во развивање на нов тип батерии, пишува Engadget.

Фото: Facebook