“Таткото“ на WWW бара редизајн на интернетот

90

Сер Тим Бернерс Ли, експерт по компјутерски науки и човек кој го измисли системот за интернет навигација познат како World Wide Web – WWW, поради што е одликуван со титулата витез, сега сака да го редизајнира сајбер просторот.

Тој го основа стартапот Inrupt, преку којшто сака да поправи некои од проблемите што ѝ се случиле на таканаречената отворена мрежа во време на големи, централизирани платформи, како што се Facebook и Google. Стартапот развива децентрализирана платформа Solid со отворен код, а има мисија да ја врати контролата на интернетот во рацете на неговите корисници.

Корисниците ќе можат само еднаш да се логираат за било која услуга, а личните податоци ќе се собираат во “капсули“, таканаречени лични интернет магацини за податоци.

Фото: Freepik