Франција ја повика Европската комисија брзо да одговори на нејзиното барање на француските винари да им ја надомести штетата што ја претрпуваат поради американските царини.
САД и официјално воведоа нови царини на делови од авиони, вина и жестоки пијалаци произведени во Франција и Германија во рамки на спорот со Европската унија околу субвенционирање на производителите на авиони на Airbus. ЕУ воведе царини на американските производи поради субвенциите на Boeing.
Француските винари минатата година забележаа пад на извозот во САД, по првата рунда на царини од 25% што ги воведе кабинетот на Доналд Трамп.
Француското здружение на извозници на вино соопшти дека дополнителните царини на секторот ќе му нанесат штета од околу милијарда евра.
Фото: Freepik