Бидете спремни да изгубите сè ако инвестирате во крипто валути

113

Биткоинот за еден ден ја намали својата вредност за 19%, достигнувајќи околу 30.600 долари, што прави крипто валутата да го има најголемиот дневен пад уште од март минатата година.

Таквите движења се резултат на зајакнатиот долари во однос на останатите важни светски валути, како и очекувањата за повисоки каматни стапки во САД.

Не само биткоинот, туку ethereum-от забележа пад на вредноста од 23%.

Интересот за крипто валутите се зголеми откако институционални инвеститори купија поголеми количини, сметајќи дека таквите вложувања штитат од инфлација, но и дека би можеле да остварат поголема добивка ако се рашири користењето на таа валута.

Британското регулаторно тело за финансиски пазари ги предупреди инвеститорите дека продуктите поврзани со крипто валути може да содржат “многу висок ризик“.

“Свесни сме дека некои компании нудат инвестиции во крипто валути или нудат кредити и вложувања поврзани со крипто валути што ветуваат големи стапки на принос. Доколку потрошувачите вложуваат во такви производи, би требало да бидат подготвени на тоа да ги изгубат сите свои пари“, предупредува британското регулаторно тело.

Од Bank of America уште минатата недела објавија дека најпопуларната светска крипто валута е на пат да “експлодира“ како меур од сапуница, слично како цената на златото во 70-тите години од минатиот век.

Фото: Freepik