Директорот на компанијата Renault, Лука де Мео, размислува за оживување на Renault 4 и 5, најпопуларни модели од францускиот производител во втората половина од 20 век.
Меѓутоа, за разлика од оригиналните модели, современите Renault 4 и 5 за погон би користеле исклучиво електрична енергија.
Како што пренесува Ројтерс, првиот човек на компанијата на утре (14 јануари) ќе претстави нов план за производство, со кој треба да се дефинира на кои модели Renault ќе се фокусира во иднина.
Веќе се шпекулира дека некои од актуелните автомобили, како што се Talisman, Scenic и Espace, би можеле да бидат укинати, додека од друга страна се размислува за повторно воведување на моделите 4 и 5, но во електрични верзии.
Фото: Pixabay