Хотелите ќе привлекуваат гости со чист воздух

43

Кога коронавирусот за првпат се појави, хотелите брзо почнаа да спроведуваат ригорозни мерки за чистење, а користат и ултравиолетови зраци за дезифекција на собите и јавните површини каде што престојуваат гостите.

Бидејќи бројни истражувања покажуваат дека коронавирусот се пренесува низ воздухот, некои хотели и бродови вложуваат во нови системи за филтрирање и третирање на воздухот.

“Најдобрата удобност што секој хотел може да им ја обезбеди на гостите е безбедноста, особено на воздухот“, смета Карлос Сармиенто, генерален директор на хотелот Paso del Norte во Тексас. Хотелот, што датира од 1912 година, неодамна беше отворен по четиригодишно реновирање, што вклучи и инсталирање на нов систем за прочистување на воздухот.

Со овие инвестиции, хотелите ги следат авиокомпаниите коишто во авионите поставуваат високо ефикасни филтри коишто се верува дека уништуваат 99% од вирусите и ситните честички, пренесува New York Times.

Фото: Freepik