Од саботата (16 јануари), автомобилската групација Stellantis, која настана со спојувањето на Peugeot S.A. (PSA) и Fiat Chrysler Automobiles N.V (FCA), официјално започна со работа.
Како што беше претходно најавено, тргувањето со обични акции на Stellantis ќе започне денеска на берзата Euronext во Париз и на берзата Mercato Telematico Azionario во Милано, беше наведено во заедничко соопштение на PSA и FCA.
Во вторник ќе излезе на Њујоршката берза под берзанскиот симбол STLA.
Дигитална прес-конференција ќе се одржи во утре (19 јануари), за да се прослави формирањето на новата компанија Stellantis.
На конференцијата ќе говори извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес.
Акционерите на FCA и PSA рекоа “да“ за спојувањето на четврти јануари, со што се роди четвртата по големина автомобилска групација во светот.