Stellantis до крајот на годината ќе има 39 електрични модели

28
White sedan car isolated on white vector

Групацијата Fiat Chrysler (FCA) и Peugeot Citroen (PSA) го објавија спојувањето во новата компанија под името Stellantis, а нејзиниот главен извршен директор, Карлос Таварес рекол дека со тоа спојување е создаден еден од најголемите производители што ќе го зголеми присуството на пазарот.

Stellantis посебно внимание ќе посвети на развој на електрични автомобили, а до крајот на годината бројот на модели на електричен погон ќе се зголемат од актуелните 29 на 30.

Таварес смета дека Stellantis ќе прерасне во нов лидер во одржлива мобилност. Потсети дека групациите постигнаа договор за спојување во декември минатата година, а формално – правно спојувањето беше окончано на 16-ти овој месец.

“Ова е важен ден за Stellantis. Нашите компании работеа интензивно на ова спојување и работата е завршена без никакво доцнење. Ова е почеток на ново и возбудливо патување“, рече Таварес.

Целта на спојувањето на овие автомобилски гиганти е полесно да се изборат со предизвиците во автомобилската индустрија, како што се трошоци за финансирање на технологија за производство на еколошки возила и полесно да ги надмине последиците од глобалната пандемија.

Седиштето на компанијата Stellantis е во Амстердам.

Фото: Freepik