Грешки што го уништуваат автомобилот

100

Да се биде сопственик на автомобил не е воопшто лесно. Потребно е да му обезбедите квалитетна грижа и нега за да можете долго време да ви служи и да ве однесе онаму каде што посакувате и планирате.

Понекогаш свесно или не, возачите грешат кога е во прашање грижата за автомобилот, но таквите пропусти можат да чинат многу.

Хрватскиот портал Automobili.hr направи листа на најчести грешки што го уништуваат автомобилот:

Го игнорирате check engine индикаторот

Не станува збор за минлива грешка, што денеска ќе се појави, а утре ќе исчезне. Секогаш кога ќе се активира, потребно е да утврдите во што е проблемот.

Не менувате редовно масло и филтри

Маслото за мотор е како крвта во човечкото тело. За да може автомобилот да работи како што треба, препорачливо е на време да се менува маслото. Не е доволно само да има доволно масло во возилото, туку да се внимава и на неговиот квалитет. Замената на филтри, исто така, е подеднакво важна бидејќи спречува нечистотиите од надвор да продрат во виталните делови на возилото.

Не ги проверувате пневматиците

Безбедно, економично и удобно возење на секој автомобил во голема мера е заслуга на добри и квалитетни гуми. Затоа, не ја игнорирајте грижата за гумите, особено во зимскиот период кога се вози по лизгави коловози.

Не го правите редовниот сервис

Секој производител на автомобили дава распоред на сервис во којшто се наведуваат работите што мора да се проверат и сменат по одреден број изминати километри или поминат временски период.

Лоша хигиена во автомобилот

Одржувањето на хигиената во автомобилот е особено важно за оние кои се возат во него, а тоа во услови на пандемија е посебно нагласено. Затоа, редовно пребришувајте ги површините што најчесто ги допирате, како што е волан, менувач, команди за трепкачи, бришачи, рачки и слично.

Фото: Freepik