Три ресторани во Дубаи им нудат попусти на гостите кои се вакцинирани против коронавирусот, објавено е на социјалните мрежи, во моментот кога процесот на вакцинација во земјата успорува, поради одложувања во испораката на вакцините на компанијата Pfizer и BioNTech.
Рестораните, хотелите и продавниците се повторно отворени во Дубаи, каде исто така се отворија и границите за туристите со цел да се оживее овој важен сектор за економијата.
“Прва доза: 10% попуст. Втора доза: 20% попуст“, објавија рестораните на Facebook и Instagram, прецизирајќи дека за тоа ќе биде потребен и “доказ“, како лекарска потврда.
Во средината на декември во Дубаи започна кампања за вакцинација, откако беа одобрени кинеската вакцина на компанијата Sinopharm и американско-германската вакцина на компаниите Pfizer и BioNtech.
Сепак, здравствените власти за време на викендот најавија дека процесот на вакцинација со вакцините на Pfizer ќе забави поради доцнење со испораката.
Според официјалните податоци, повеќе од два милиони луѓе од вкупно 10 милиони жители досега примиле вакцина.
Во Емиратите се регистрирани повеќе од 280.000 заразени со коронавирус, а скоро 800 лица починале.
Фото: Freepik