Странците поквалификувани од државјаните на ЕУ

28

Странски работници се поквалификувани за разлика од државјаните на земјите членки на Европската унија. Па така, стапката на поголема квалификација во 2019 година, за странски работници во ЕУ е 44%, за жители на некоја земја членка на ЕУ што работат во друга земја од Унијата е 33%, а кај државјаните е 21%.

Најмногу поквалификувани работници кои доаѓаат од други земји има во Грција (78%), по што следат Италија (68%) и Шпанија (62%). За оние кои од една работат во друга земја членка, најмногу поквалификувани има во Италија, Шпанија и Кипар (по 50%).

Кога се анализира стапката на поквалификувани работници во рамки на земјите членки на ЕУ, највисок процент во 2019 година е забележан во Шпанија (35%), Грција (32%) и Кипар (31%).

Фото: Freepik