Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla во околината на Берлин ќе гради фабрика за ќелии за батерии за автомобили во коишто ќе биде воведена нова и иновативна технологија.
Се верува дека тие батерии ќе имаат шест пати поголема моќност, ќе зазема и помалку простор и ќе троши помалку енергија.
Се очекува новите батерии прво да почнат да се вградуваат во Model 3, а во следната фаза новата технологија ќе се користи и кај останатите модели, вклучувајќи ги и товарните возила.
Tesla најави дека гигафабриката во Берлин ќе почне со работа во јули, ќе произведува до 500.000 автомобили годишно, а ќе бидат вработени 12.000 работници.
Фото: Freepik