Македонија ќе почне да извезува вина со заштитено географско потекло- повардарски до крајот на годинава. Дефинираната географска ознака најпрво треба да се регистрира во земјава, а потоа и во ЕУ.
“Со географскиот индикатор повардарски, македонските вина ќе може да се борат на светската арена паралелно со вината од другите земји. Останува на производителите да ја прифатат, искористат и промовираат оваа алатка и да профитираат од тоа што го имаат”, изјави Фредерик Жулие од ФАО по денешната промоција на повардарски.
Иницијативата за воведување на ознаката ја даде здружението Вина од Македонија, кое изминативе две години интензивно работеше со поддршка на ФАО и ЕБOР.
“Географската ознака повардарски ќе има големо значење од историски аспект, посебно за комерцијалниот сегмент и како предводник на многу други географски ознаки од македонската винарска индустрија кои ќе се генерираат со текот на времето”, беше нагласено на промоцијата.