Сопственикот на една од најдобрите приватни колекции на вино во светот, Мишел Жак Шасе, ги отвора вратите на својот вински подрум само за оние со подлабок џеб.
Овој познат вински колекционер од Франција го претстави својот приватен подрум, сместен под неговата вила, во којшто се наоѓаат 50.000 скапоцени шишиња вино. Меѓу нив се најскапите и најстарите вина што постојат во светот.
За адаптација на винскиот простор, колекционерот одвои пола милион евра. Колекцијата, чија вредност се проценува на околу 60 милиони евра, ќе биде достапна за оние кои ќе одвојат 500 евра за влез. Во овој музеј, освен вино, ќе има и други содржини, како што се кафе и сала за дегустација, а отворањето се очекува за ова лето.
Фото: Freepik