Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2020 година, во споредба со декември 2019 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во неколку групи.
Пад има кај: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,6%, а реално за 10%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 15,8%, а реално за 16%), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 11,5%, а реално за 13,2%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 25,8%, а реално за 16,2%).
Фото: Freepik