Трендови за успешна онлајн продажба

107

Електронската продажба доживеа вистинска ренесанса во услови на пандемија, а брендовите на големо размислуваат за инвестиции во нејзин развој, како и поставување нови стандарди во онлајн купувањето.

Се очекува и оваа година да помине во знакот на купување од најудобната фотелја во домот со само неколку кликови, достава до врата, мобилно плаќање…

Потрошувачот пред сè

Оваа девиза треба да го води претприемачот низ онлајн каналите на продажба. Тоа треба да значи дека мора да размислува како неговиот производ или услуга ќе биде достапен на повеќе канали во исто време. На дофат на рака да им биде на оние кои користат Facebook, да им го привлече вниманието на оние кои редовно отвораат Instagram, да има сè што е неопходно на интернет страницата, за оние кои сакаат да пребаруваат, споредуваат, планираат и купуваат со само неколку кликови.

Дигитален паричник

Готовината иако влева чувство на сигурност, полека како да излегува од мода. Затоа, ако имате сопствен бизнис, тогаш размислувајте на купувачите да им дадете можност да купат преку мобилниот уред, а и да можат со само неколку едноставни чекори да платат со истиот уред. Олеснете го начинот на плаќање, но водете сметка податоците да им бидат на сигурно, бидејќи расте нивото на свесност кај корисниците за тоа кој и како може да располага со нивните лични податоци.

Иновациите се “раѓаат“ кога е криза

Велат дека секое лошо е за некое добро, па ако така се анализира пандемијата, тогаш размислувајте во насока да им го олесните купувањето на вашите потрошувачи, така што и вие самите ќе имате поголема можност за продажба. Направете сè што можете за да ја оптимизирате интернет страницата, да ја прилагодите на барањата на клиентите, да ја поедноставите, да ја направите пофункционална и потоа доволно ќе биде само да ги следите бројките што ви одат во прилог.

Имајте ги в џеб Amazon, Google…

Иако се покажа како одлична алтернатива за шопинг, сепак потрошувачите ќе сакаат да купуваат онлајн и кога ќе заврши пандемијата. Затоа, иновирајте со воведување дополнителни опции коишто ќе го направат онлајн купувањето безбедно, забавно и привлечно во континуитет. Следете што прават големите технолошки гиганти, во која насока иновираат и така обидете се да ги следите глобалните трендови, што ќе ги сведете на локално ниво.

Фото: Freepik