Агрокор купува 109 автомобили Фиат 500L од Србија

49

fiat500lХрватскиот концерн Агрокор потпиша договор за купување на 109 возила Фиат 500L од компанијата Фиат автомобили Србија (ФАС). Возниот парк на компанијата Идеа во Србија што е во сопственост на Агрокор ќе биде заменет со автомобили произведени во Крагуевац, јавува Танјуг.

Испораката на првиот контингент ќе започне во септември, а Агрокор се одлучи за црвена боја со знакот на Идеа.

Потпретседателот за малопродажба на Агрокор, Анте Тодориќ изјави дека потпишаниот договор е почеток на соработката меѓу Агрокор група и ФАС и дека во наредниот период таа соработка би можела да се прошири.

“Горди сме што можеме да возиме вистински српски автомобил, затоа што мисијата и визијата на Агрокор е да користиме домашни производи”, нагласи Тодориќ.

Трговскиот ланец супермаркети Идеа има удел од 8% во српскиот пазар и годинава очекува приход од 800 милиони евра. Во Идеа се вработени 6.500 луѓе.