Милијардерот Илон Маск најави дека ќе го напушти Twitter “на некое време“, без да наведе која е причината за таквата одлука.
Се претпоставува дека Маск се решил на ваков чекор откако неколку негови објави поттикнаа голем број трговци здружени на платформата Reddit да купуваат акции од GameStop, пренесува Forbes.
Маск има големо влијание на социјалните мрежи. Објавите на Маск на Twitter за онлајн продавницата Etsy или апликацијата за размена на пораки Signal предизвикале голем интерес кај инвеститорите.
Во една таква ситуација, акциите на Signal Advance забележаа скок од 1.100% кога инвеститорите ги помешале со апликацијата за размена на пораки, Signal, за којашто Маск зборувал.
Еден твит на Маск поврзан со биткоинот, исто така, имаше силно влијание врз вредноста на оваа крипто валута.
Фото: Twitter