BP во минус од 5,7 милијарди долари

49

Минатогодишниот пад на цените на енергенсите предизвикан од пандемијата направи огромна финансиска “дупка“ на British Petroleum (BP), покажува кварталниот и годишниот финансиски извештај на британскиот нафтен гигант.

Компанијата минатата година ја заврши со загуба од 5,7 милијарди долари, додека во 2019 година имаше профит од 10 милијарди долари.

И покрај делумното закрепнување на пазарот на нафта во втората половина од минатата година, резултатите на ВР за последниот квартал, исто така, потфрлија во однос на очекувањата. Во последните три месеци од 2020 година, нето добивката на ВР изнесуваше 115 милиони долари во однос на 2,57 милијарди долари во истиот период една година претходно.

Фото: Freepik