Извозот на Велика Британија во ЕУ намален за 68%

45

Британскиот извоз во Европската унија во јануари е намален за 68% во однос на истиот период во 2020 година, покажуваат податоците.

Иако во тој голем пад пандемијата си има свој удел, намалениот извоз е последица и на дополнителната документација и гранични контроли што се задолжителни откако Велика Британија ја напушти Унијата.

Голем број камиони што носат производи од Европа се враќаат празни бидејќи бројни британски компании во овој момент не се ни обидуваат да извезуваат во ЕУ. Исто така, на царините се вработени само 10.000 луѓе, што е една петтина од бројката што е неопходна за ефикасно движење на производи.

Аналитичарите стравуваат дека состојбата дополнително ќе се влоши откако Велика Британија ќе почне со контрола на увозот од ЕУ.

Велика Британија и ЕУ во декември постигнаа договор согласно кој за поголемиот дел од производите нема да постои царини, но договорот не спречување воведување дополнителни документи и санитарни прегледи.

Фото: Freepik