Кина воведува нови прописи за заштита на конкуренција во технолошкиот сектор

43

Кинескиот регулатор објави дека стапуваат на сила нови прописи за заштита на пазарната конкуренција во технолошкиот сектор.

Прописите би требало на интернет гиганти, како што се Alibaba и JD.com да не им дозволат злоупотреба на доминантната позиција на пазарот, објави ВВС.

Регулаторите посебно целат на нивната пракса да ги принудуваат малите компании да склучат ексклузивни договори.

Прописите, исто така, забрануваат употреба на технологија со којашто се ограничува пристап до пазарот и користење на податоци и алгоритми за манипулирање на пазарот.

Фото: Freepik