Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, го претстави планот за оживување на уметничките сцени и рече дека затворените простори на рестораните ќе бидат отворени порано од најавеното.
Потегот за промоција театрите и музичките настани во дел од сојузната држава, познат како New York Pops Up, следи откако мерките против ширење на коронавирусот почнале да даваат резултати и тоа што бројни изведувачи од Бродвеј не работат скоро цела година. Сопствениците на Бродвеј во октомври објавија дека нема да работат до 31-ви мај со надеж дека повторно ќе почнат со работа во јуни.
Првиот од 300 уметнички настани во 100 дена на распоред е на 20-ти овој месец во конгресниот центар на Менхетен со посебен настап за здравствените работници. Javits Center во пандемијата се користеше како привремена болница и простор за вакцинирање.
Исто така, се поместува датумот за отворање на 25% од капацитетите на затворените простори на њујоршките ресторани од 14-ти на 12-ти февруари.
Илјадници ресторани во Њујорк се обидоа да го преживеат затворањето од март минатата година со достава на храна и импровизирани простории на отворено.
Фото: Freepik