Huawei не планира да инвестира во производство на чипови

71

Huawei нема да инвестира во производство на чипови и покрај недостатокот на глобално ниво, изјави основачот и извршен директор, Рен Женгфеи.

“Прво американската влада би требало да се осврне на сопствената индустрија на чипови. САД мислат дека чиповите се важни, па и Европа ги гледа на тој начин, исто како и Јапонија. Светот ќе ја види прекумерната понуда на чипови, како недвижнини. Не планираме да инвестираме во производство на чипови“, вели тој,

Huawei не планира да го напушти “идеалот на глобализација“ и ќе продолжи да работи на ист начин и покрај потешкотиите поради воведените санкции од САД.

Основачот на Huawei се надева дека новата американска администрација ќе ги земе предвид интересите на бизнисот и ќе “заземе урамнотежен пристап во донесување на одлуки за идните политики“.

Фото: Freepik