Apple ќе ги следи стапките на Tesla

79

Најпопуларната крипто валута во овој момент, биткоинот, ужива во рекордната вредност што е зголемена за скоро 70% од почетокот на годината, додека лани имаше пораст од скоро 300%.

Биткоинот во понеделникот порасна за 20%, а вредноста надмина рекордни 48.000 долари. Голем удел во порастот има информацијата дека Tesla купил 1,5 милијарди долари во биткоини, додека нејзиниот сопственик, Илон Маск, со неколку твитови ја зголеми вредноста на dogecoin.

Со потегот, Tesla го направи биткоинот своевиден меинстрим во светот на инвестициите.

Се очекува и Apple да “заплови во овие води“, иако во овој момент не им е дозволено на корисниците на Apple Pay да купуваат крипто валути. Највредната светска компанија, исто така, би можела да претвори дел од својата огромна вредност од 200 милијарди долари во биткоини.

Фото: Freepik