Израелски Redefine Meat обезбеди 29 милиони долари инвестиции

61

Израелскиот старт – ап, Redefine Meat планира на глобално ниво да ја претстави 3D испечатена замена за месо за што успеа да обезбеди 29 милиони долари од инвестиционите компании Happiness Capital и Hanaco Ventures, јавува Ројтерс.

Израелците развија технологија за производство на растителна замена за месо на 3D печатач.

Најновата инвестиција ќе му помогне на стартапот да ја развие пилот линијата пред да почне со масовна дистрибуција на овој вид на месо, што е најавено за крајот на оваа година.

Алтернативите на растително месо добиваат сè поголема популарност бидејќи расте бројот на луѓе кои настојуваат да го намалат внесот на месо за да си помогнат на себе, на животните и на околината.

Фото: Facebook