Биткоинот ја надмина вредноста од 52.000 долари утрово во 9 часот, така што оваа најпопуларна криптовалута се тргуваше по цена од 52.150 американски долари.
Моментално цената на биткоинот варира околу нов рекорд и се движи од 51. 900 до 52. 100 долари.
Биткоинот вчера скокна за нивото од 51.700 долари за прв пат во историјата, што е кулминација на оптимизмот што трае речиси две цели недели.
Од JPMorgan неодамна порачаа дека сериозно размислуваат за инвестирање во овој вид на средства, а интерес покажа и Goldman Sachs, но и Morgan Stanley наводно размислува за додавање на биткоини во својата актива.
Експертите очекуваат зголемување на инвестиции во биткоини и инцијативи за водење на blockchain.
Фото: Pixabay