Биткоинот го “прегази“ стариот и постави нов рекорд

40

Биткоинот за првпат го надмина нивото од 51.000 долари, па во еден момент достигна 51.715 долари, што е најголем рекорд досега, пренесува CNBC.

Подоцна, се тргувало по 51.024 долари или во пораст од 5%.

Од JPMorgan неодамна порачаа дека сериозно размислуваат за инвестирање во овој вид на средства, а интерес покажа и Goldman Sachs, но и Morgan Stanley наводно размислува за додавање на биткоини во својата актива.

Експертите очекуваат зголемување на инвестиции во биткоини и инцијативи за водење на blockchain.

Фото: Pexels